Нема нови детали од истрагата за пожарот, лекарите четврти ден сеуште во шок

Нема нови моменти и детали од истрагата за пожарот кој ја пеплоса модуларната болница, во кој загинаа 14 лица.Исказите на очевидците и вработените во болницата се веќе собрани, се чешла и сета документација. Дел од германскиот тим кој се вклучува во истрагата е веќе втор ден во Тетово. Градоначалничката Теута Арифи, не соопштува повеќе информации.

Лекарите од модуларната болница не сакаат да зборуваат за деталите од кобната вечер.Четврти ден по трагедијата сеуште се во шок и неверување. Сите дотрчале веднаш,но,сеуште не им е јасно како огнот проголта се за миг.

Инаку, денеска сите вработени во модуларната болница,но и дел од пожарникарите и полицијата, беа на прием во тетовската општина,каде им се изрази благодарност, за нивното ангажирање кобната вечер.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста