Деспотовски: Македонија повеќе нема да биде земја на евтина работна сила, иако голем дел од младите си заминаа од земјава

Откако на големо се исели квалитетниот кадар надвор од границите во потрага по платена работа, државата дури сега ќе работи на тоа како да ги задржи работниците дома. Владата после 4 години власт заклучува дека треба да работи на тоа како да ги задржи младите дома, иако голем дел купиле билет во еден правец. Првиор човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека Македонија повеќе нема да биде земја на евтина работна сила. Се преговарало со странските инвеститори дека мора да го сменат ставот дека земјава нуди ниско платени работници.

  • Точно е дека работниците си одат од Македонија во потреага по подобра работа, и затоа ние сега го менуваме системот дека во земјава повеќе нема да има евтина работна сила. Ако им кажете што ви е важно и ако се чесни, повеќето се тоа, да, тие дошле да направат профит, но не на штета на државата. Клучно е дали ви е важно да се сликате или сакате да направите нешто важно за државата, изјави Деспотовски.

Економските зони кои беа магнет за привлекување на странски капитал, сега размислуваат како ќе исплаќаат повисоки плати, иако првичниот договор не бил таков. Капак на се е и недостатокот на работни материјали во ТИРЗ зоните, кој им создава дополнителни проблеми на компаниите. Недостасуваат чипови за автомобилската индустрија, и се стравува дека би можно да биде стопирано производството.

Деспотовски најави и дека во следниот период ќе се реализираат повеќе иницијативи, меѓу кои воведување на програми за домашни компании, заедно со ИФЦ наменети за технолошко унапредување и можност за вмрежување на домашните компании во синџирот на набавки, потоа програма за поттикнување на раст на продуктивност, наменета за развој на вештини и поттикнување на продуктивноста на работниците и компаниите, како и нова кампања за презентација на инвестициски можности во странство со цел поттикнување на инвестиции со фокус кон сите индустрии.

Во ТИРЗ зоните се’ уште има компании кои плаќаат ниски плати, меѓутоа, растат, додава Деспотовски.

Инаку, само годинава во економските зони влегле само 6 компании. Деспотовски за годинава најави уште три нови во Скопје, Штип и Кочани. За странските инвеститори малите места и натаму се непривлечни.

Во првите 8 месеци од 2021 вкупниот увоз во зоните изнесува над 2,036 милијарди евра и е за 63% зголемен во однос на истиот период лани, односно 17% во однос на 2019. Само во август увозот во зоните достигна 269 милиони евра и е најголем во последните 4 години. И покрј пандемијата, во ТИРЗ-овите работат 14.000 вработени, со просечна плата од 26.500 денари.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста