Медицинарите од штипскиот универзитет – драгоцена алка во процесот на вакцинација

Од утро до мрак , неуморни, полни со елан и ентузијазам во вакциналниот пункт во Штип идните лекари ја учат најголемата лекција. „Насмевка и добар збор тоа е најпотребно на граѓаните кои решиле да се имунизираат„- вака го започнува разговорот студентот на Факултет за медицински науки УГД-Штип, Стефан Мишевски. Тој е меѓу првите кој се пријавил на волонтерската програма на универзитетот.. Досега вакцинирал над 3000граѓани, што го прави вистински рекордер меѓу својте колеги-волонтери..
„Најголемата плата во животот не е парична, туку е душевна. Воедно ова е една голема праска за сите студенти, ученици и професори бидејќи пандемија се случува еднаш на 100годин и на некој начин праксата што ни е ограничена периодов , ја надокнадуваме овде„-изјави Стефан Мишевски.
Теорија без пракса не бидува, објаснува и Сашка Иванковска студентка на истиот факултет .Таа е задоволна што УГД има модел со кој ќе го искористи нивниот потенцијал.
„Се надевам дека овде ќе научам многу нови работи . Ми помагаат и колегите од 5 и 6година, а знаења може да стекнам и од целокупниот персонал„-изјави Сашка Ивановска
Во штипскиот пункт волонтираат осумдесетина студенти, а идните лекари во трката за побрза имунизација се распородени на вакциналните пунктови во Битола, Охрид и Куманово.
Александра Ристевска