Малите сезонски бизниси пред колапс, без помош од државата, кризата тешко ќе ја преживеат

Познатата тетовска горна чаршија, никогаш не била толку празна. Вработените седат пред продавниците, чекајќи да помине некој, а овде вообичаено овој период се работело турбо. Поради состојбата со коронавирусот, годината е веќе изгубена, се жалат трговците.

Поради откажаните семејни прослави и традиционалните свадби, немаат промет, а загубите се огромни. Дури и да се отворат границите, дуќанџиите годинава нема да тријат раце ниту од печалбарите, оти и тие велат, нема да доаѓаат како порано.

Тежок период и за продукциските студија за снимање и фотографирање. Токму на почетокот на сезоната велат, работата им запрела. Речиси сите работни ангажмани им се откажани.

Овие помали бизниси работат сезонски за да се покријат преку целата година.Ако состојбата не се стабилизира и државата не помогне со некои поефикасни мерки, стравуваат дека нема да можат, да се изборат со кризата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста