Мали надежи за пресврт пред лидерскиот самит на ЕУ

Ново извисување за интеграциите или можен пресврт во одлуката на Европската Унија за Македонија. Во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ, оптимизмот со кој власта најавуваше дека земјава е на чекор до започнување на преговорите за членство спласна, па наместо тоа стигнуваат пораките да не се креваат очекувањата.

Владината ПР служба јавува дека премиерот Заев денеска имал средба со  португалската амбасадорка чија земја е моментален претседавач на која само ја констатирале поддршката за интеграциите, ама во соопштението кое го испратија никаде не е навестена конечната одлука….

Португалија, како земја којашто претседава со Советот на ЕУ, цени дека Република Северна Македонија треба да биде дел од семејството на ЕУ, стои во соопштението.

А дали португалското решение кое беше донесено во двете земји ќе остане како основа за решение на проблемите не се открива. Евроамбасадорот Гир вели дека сите биле посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните.

По средбите во Бугарија, македонската влада се пофали дека направен бил позитивен исчекор во добрососедските односи, ама тоа не значеше и тргање на бугарското вето, кое е главната пречка за македонскиот интегративен пат.

Премиерот Заев месеци наназад се колнеше дека ниту за јазикот ниту за идентитетот нема да преговара, но информациите кои протекоа од бугарска страна го велат токму спротивното. Дека токму овие прашања Заев ги донел како основа со која ќе бара кревање на бугарската кочница за Македонија. Бугарија пак не отстапува од своите црвени линии – цврсто стои на ставот дека не е испочитуван Договорот за добрососедство.

Опозицијата веќе предупреди дека власта спрема национално велепредавство и дека на преговарачката маса се ставени македонските национални интереси и се заканува уништување на јазикот, идентитетот и историјата. Се заканија ако Заев не одговори  што  прифатил во Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ излегува на масовни протести.

Инаку ова е последниот министерски состанок на Советот на ЕУ под португалско претседателство, во следните шест месеци палката на претседавање ја презема Словенија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста