Бугарската националистичка реторика остра, македонската Влада возвраќа со „млако“ соопштение


Зоран Заев нема лимит во националните предавства и се пазари со македонскиот идентитет, јазик, и историја. Премиерот води нетранспарентен процес во кој јавноста не добива никаква информации, предупредуваат од ВМРО – ДПМНЕ.  Опозицијата открива дека предлогот кој го понудил Заев на преговарачката маса е составен од 15 страници, но бидејќи не откриваат ништо, јасно е дека се оди на газење на се македонско. ВМРО – ДПМНЕ најавува жесток одговор од народот и протести на улиците. 

Да го предупредам Зоран Заев да не помислува да си игра со македонскиот национален идентитет, со македонскиот јазик, со македонската култура, со македонската самобитност и македонската историја., затоа што ќе добие жесток одговор на било каков обид за ништење на македонскиот национален идентитет – изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николовски.

Откако европратеникот Ангел Џамбаски дрско напиша дека Македонија е бугарска и тоа е факт што Заев го заборавал кога бил во Скопје, Владата како нем набљудувач на провокациите, само информираше дека двете земји упатиле јасни пораки дека се посветени да градат позитивни односи и доверба.

Ги охрабруваме сите чинители да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение – информираа од Владата.

На провокациите од бугарските политичари, остро возвраќаат експертите.  Според академик Катица Ќулавкова „Сенките на Злото“  надвиснале над Македонија, а таа молчи и трпи во име на апстракции, лажни ветувања и заблуди. Оцени дека ова е време на големи манипулации, време на нови трагедии.

Слоганот “Македонија е бугарска” прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот. Македонската држава и меѓународната заедница, посебно ЕУ, треба да го осудат овој освојувачки политички дискурс без одлагање – реагира академик Катица Ќулавкова.

По изјавата на контроверзниот политичар Красимир Каракачанов дека навивал за Македонија оти репрезентацијата ја претставувала другата бугарска држава, денеска со нов удар . Според него, Заев бил свесен дека нема да постигне ништо со посетата на Бугарија, а целта му била да им покаже на другите земји од ЕУ дека Македонија е конструктивна земја, а Бугарија не.

Адријана Алексиеска