Макпрес: Сиљановска, Дурловски, Мисајловски, Николоски, Јанушев носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со многу нови лица на кандидатските листи за пратеници, некои и за прв пат ќе ја имаат предводничката палка на овие избори, објавува порталот Макпрес повикувајќи се на партиски извори.

Дури двајца од носителите за прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат натпартиски кадри, тоа се професорката од Правниот Факултет Гордана Силјановска Давкова и светски познатиот уметник оперскиот пејач Игор Дурловски.

Силјановска ќе ја предводи првата изборна единица, додека Дурловски ќе оди во 5-тата изборна единица каде убедливо води на анкетите пред сите други.

Во третата изборна единица ќе настапи генералниот секретар Игор Јанушев, додека во 4-тата изборна единица од граѓаните довербата ќе ја побара потпретседателот Александар Николоски кој ќе се соочи со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во втората изборна единица листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, додека во 6тата единица ќе настапи за прва членот на Извршниот Комитет гостиварчанката Дафина Стојановска која е доктор по професија. Две жени ќе бидат носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде шпицен кандидат, мандатар за состав на новата влада.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста