Македонските компании со финансиска помош одговорија на кризата од КОВИД 19

Македонските компании одговорија на кризата од КОВИД 19 и на Министесртвото за здравство му помогнаa со донации во финансии, заштитни средства и производи. Со нивните донации, на наменската сметка на министерството се собрани 800.000 евра. Алкалоид донираше 200.000 евра, а дополнително ги намали цените на 158 свои производи. Комерцијална банка обезбеди парична помош во износ од 100 илјади евра, и уште дополнителна заштитна опрема во вредност од 20 илјади евра. Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, издвои 100 илјади евра во опрема за здравство. Истото го стори и ОКТА со донација од 50 илјади евра, како и Битолска млекара со донација финансиски средства за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, коишто се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

Голема помош за Министерството за здравство пристигна и од голем број странски држави, претставништва, амбасади и организации.

За сите нив и за секоја донација Министерството за здравство упати јавна благодарност за укажаната помош.

Дел од компаниите, како Халкбанк, Битолска млекара и Комерцијална, како помош за Владата и економскиот сектор за справување со последиците од епидемијата, предвреме го платија данокот на добивка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста