Македонски наставници во Фиренца поминаа обука за користење напредни софтвери за настава

Македонски наставници во Фиренца поминаа обука за користење напредни софтвери за настава.
Тим од четворица наставници од Македонија, заедно со колеги од Полска и од Шпанија, поминаа шестдневна обука во „Еуропас“ Фиренца, Италија во рамките на проектот „Правење фотографии и видеоматеријали за употреба во наставата“, од програмата Еразмус +, што го реализираше училиштето ООУ „11 Октомври“ – Скопје, со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
За време на престојот учесниците имаа можност да се запознаат со други култури и образовни системи и се стекнаа со вештини и знаења што имаат голема примена во современата настава – научија методи и техники за создавање и адаптација на аудиовизуелни ресурси (фотографии, филмови, музички клипови, документарни филмови, сопствени видеа …). Учесниците се запознаа со познати бесплатни софтверски алатки за креирање и манипулација со визуелни содржини за образовни цели (OBS Studio, Shotcut, YouTube, Khan Academy, Ed Puzzle и други)
Стекнатите знаења и вештини од областа на мултимедијата, веќе следната учебна година ќе најдат примена при планирањето на слободните изборни предмети, во согласност со новата концепција во основното образование – вели Даница Блажеска директорка на ООУ „11 Октомври“.
Таа потсетува дека во последните години училиштето обезбедува современи наставни средства и помагала за да се зголеми квалитетот на наставата, а вложува и во професионалниот развој на своите вработени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста