Македонија илзегува на избори, ќе се гласа во среда која ќе се прогласи за неработен ден

Власта и опозицијата конечно постигнаа компромис. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули. За прв пат ќе се гласа во среда, а претходно на 13 понеделник и 14 вторник ќе гласаат болните и изнемоштени, заразените од корна и луѓето во изолација. Изборниот ден наместо до 19 ќе трае до 21 часот. Претходно ќе треба да бидат створени сите здравствени предуслови за да мое да се одвива гласање.

За договорот Заев-Мицкоски да се реализира потребна е нова вонредна состоја и измени на изборниот законик. Потоа собранискиот спикер Џафери ќе распише избори со новиот изборен датум, а претседателот на држацвната изборна комисија да свика седница. Заев и М ицкоски за договорот ќе го информираат Пендаровски кој пак ќе ги извести другите лидери. Предводниците на власта и опозицијата ќе гин информираат и членовите на ДИК кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Заев вели дека се согласил на компромис за да не страдал народот и за да учествува опозицијата.

“За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Ја информирам јавноста дека денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули”, вели Заев.

Дека постои договор потврди и Мицкоски. На Фејсбук напиша дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите и дека двата услови за фер избори се прифатени од власта.

“Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ. Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.  Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив”, напиша Мицкоски.

Со договорот за избори Заев ги прифати условите на Мицкоски. Здравствени протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и набљудувачка мисија на ОБСЕ и ОДИХР. Иако само до пред неколку дена велеше дека 8 Јули е негов последен комромис. Лидерот на СДСМ се согласи на инклузивни избори на кои ќе учествува и опозицијата. Нешто на што инсистираше и меѓународниот фактор.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста