Љубанци на пеколни температури без капка вода

На 15тина километри од центарот на главниот град, во пандемија, на температура од плус 40 степени, 40 куќи во населбата Љубанци без капка вода веќе 8 дена. Околу 150-тина жителите во очај, вода за пиење носат на раце од соседните села Љубанци и Љуботен. Освен за нив, вода нема ниту за добитокот.

  • 8 дена, од 20ти јуни, цела недела, денеска 8-ми ден. Никако ни ноќе, ни ден, ни пола час, ни час.
  • Плаќаме вода а немаме вода.
  • Се потпирам, со количка со вода, да одам да наполнам 10 шишиња вода да донесам велат жителите.

Проблемот го имаат со години откако надлежните им го ставиле под катанец главниот вентил со кој управувале тие во летните периоди кога притисокот на водата бил послаб.

  • Ќе го исклучиме едниот вентил да наполни два часа едната страна од населбата, па потоа другата, имаше и чувар.
  • Ова два крака, дали едниот е стопиран, до пред неколку дена имаше вода, сега нема -велат тие.

Општината со денови ги препраќала во ЈП Водовод, од т  аму ги праќале во месната заедница ама решение никој не им нашол. Незадоволни се и од месната заедница бидејќи со денови никој од таму не им кревал на телефон. Бараат итно да се реши проблемот. 

  • Јас денеска бев во општина, се јавив таму, ми рекоа дојди и отидот. Ќе зборуваме со градоначалникот, се јавив и не зборувале со него, тоа е проблемот. Во Водовод се имам јавено 30 пати!
  • Да ни пуштат вода, без вода не се живее! Без вода и леб нема живот! – велат жителите

Од општина Бутел за Алфа велат дека не се надлежни. Со водовот во село Љубанци стопанисува ЈП Водовод, па топката ја префрлија кај нив и за начинот на снабдување на вода. Од таму да сме си барале одговор. Алфа постави прашања и во Водовод од каде засега молчат. Пред две години се случил истиот проблем, рестрикции на водата имало во летните периоди но само по неколку часа во текот на денот велат мештаните.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста