Лоши услови за родилките во Македонија

Родилки кои се на породилно отсуство никако не можат да дојдат до парите кои им следуваат од ФЗОМ. Една од нив е Емилија Жак, која десет години работи и плаќа данок во Македонија, а веќе пет месеци е на породилно, но реалната сума која и следува никогаш не ја ни добила. Последниве два месеци нема земено ниту денар.

„Проблемот започна со првата исплата од ФЗОМ.Решението што го имаме добиено е со една саттнина што би требало да бидам исплатена а всушност на сметка добивав други пари. Моите прашања до социјалното почна преку мејлови да ми објаснат како ги добиле тие пари и зошто јас сум кратена во исплатата? Прво не добивав одговор и после бев советувана да пратам официјална жалба по пошта тоа е на 28 декември – каде што замолувам да ми се објасни зошто ми се кратат и како се пресметува и ако нешто е грешно направено каде да се обратам, за тоа да го исправиме.Јас одговор немам добиено.” – вели за Алфа, Емилија Жак.

Жак и натаму продолжува во борбата да дојде до одговор од надлежните зошто и се скратени парите од породилното, со праќање на секој можен меил кој го има на сајтот на ФЗОМ, за потоа, да добие  кусо и нејасно објаснување:

Ми објаснуваат дека јас ја надминувам максималната можна сума која што треба да ја земам и затоа мора да ме вратат до максимумот – до 4 македонски просечни плати.Што всушност мене ми е јасно, но јас не ја добивам таа сума и јас добивам помалку од тоа. Значи повторно не ми е објаснет проблемот. До ден денеска јас се уште праќам мејлови до институциите се јавувам на телефони  сите го знаат случајот и викаат дека има проблем но никој не знае што е проблемот..” изјавува Емилија Жак.

Таа прашува дали ова е вистинската стимулација на државата за една жена да роди дете , а притоа да не ги земе парите кои и следуваат?

Мојот стандарт на живот е колку што земам плата. И државата ми вика ако родиш дете ние ќе ти го намалиме стандарот на живот затоа што максимумот е тој и ние не можеме повеќе од тоа да ти исплатиме.Дали јас сега ќе имам мотивација да имам второ дете или трето дете со тие услови во Македонија? Фрустрирачки е што јас десет години работам во државата, десет години плаќам даноци и без разлика колкава е мојата плата секогаш биле уредно платени и сега, кога доаѓа време јас да земам од социјалното од породилна плата мене ми ја кратат и не ми ја исплаќаат.” – кажа Жак.

Емилија Жак работи како програмер. Вели дека не е единствениот ваков случај.  Според неа државата не треба да се чуди зошто програмерите се незадоволни во Македонија и се иселуваат.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста