Крај на туристичката сезсона во Охрид – во елитни хотели на терасите се правеле скари, се внесувале вреќи домати

Коронавирусот го сотре туризмот и ја втурна третата најбрзорастечка гранка од економијата во криза далеку подлабока од онаа за време на воениот конфликт во Македонија-велат крајно разочарани,туристичките работници.

Во хотелите на охридско-струшката ривера ниту еден човек не стапнал, се додека не почнаа да се делат ваучерите за туризам во средината на јули. Тогаш се бараше место повеќе, раскажуваат хотелиерите,но таквиот бум траеше нешто повеќе од еден месец,практично до почеток на септември кога се’ замре. Странците кои ги имавме се до октомври,ги  откажаа склучените аранжмани.Сега угостителските капацитети чмаат празни, ваучерите за летување-не го спасија туризмот.

„Колку е тоа доволно ? Јас би рекол дека некаде 25 до 30 % од реализацијата во минатите години,вопшто не е доволно за ние да испливаме до наредната година.Некаде околи 750.000 евра се отидени по вода како да Ви кажам, договорени работи кои што беа фиксни закупи,од сето тоа ништо не се реализира.Немаше буквално ниту еден странски посетител“ – вели Перо Кутаноски-хотелиер.

Парите од ваучерите стигнуваат само за две плати на вработените, и толку,велат хотелиерите кои меѓудругото од државата бараатсубвенции за исплата на минимална плата и тоа за 5 месеци:од ноември до март.

Нашиот најголем туристички центар ова лето се потрпе на домашните гости,но ситацијата излезе од контрола.Младите дивееја и запоседнувајќи го нашето највредно културно наследство,оставаа пустош зад себе. Охрид, кој низ годините успеа да се вметне на светската туристичка мапа,не заслужува ваков туризам-велат туристичките работници.

” Оваа година за жал моравме да се насочиме на тој туризам, секој гостин е добредојден и домашните гости, меѓутоа се осети една голема разлика, една голема разочараност. Нашите групи кои што доаѓаа на редовни линии од Норвешка ,Данска,Шветска заклучно со септември сите се откажани.Останува еден мал дел за октомври што искрено  доколку продолжи трендот како што е моментално, не верувам дека ќе се реализираат.Тоа се едни големи загуби за нас“ – вели Јаким Маленко-Т.А. “Виспој

Се обистинија и укажањата на експертите кои согледувајќи ја структурата на гостите,посочуваа дека  вачерите за туризам имаа социјален карактер.Согласно своите навики,гостите со себе носеле цели вреќи со домати, а на терасите од високо категоризираните хотели со 4 ѕвезди,распалувале дури и скари.

Доколку не добијат соодветна помош и доколку потрае корона кризата, хотелите ќе мора да затворат,а тоа велат хотелиерите ќе биде погубно и за државата.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста