Ковачки: Спасовски фатен во лага, „цитроенот“ на Жежовски пријавен за исчезнат уште на 22-ри ноевмри
Оливер Спасовски е фатен во лага – министерот за внатрешни работи тврдеше дека немало никаква пријава оти „цитроенот“ со кој беше грабната Вања бил украден, но ВМРО-ДПМНЕ обелодени документи од МВР, кои според опозициската партија докажуваат дека возилото било пријавено за исчезнато уште на 22 номеври, 5 дена пред киднапирањето и убиството на 14 годишното девојче.
- „Ова е телеграма од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември. Оваа телеграма е доказ дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на Панче е исчезнато уште од 22 ноември, но за жал не преземаат ништо. Напротив, полицијата по однос на овој случај презема акција 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма“ вели Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна министерот за внатрешни работи на првиот прес по обелоденувањето на убиството тврдеше дека немало никаква пријава за исчезната кола туку само за исчезнато лице односно 74 годишниот Панче Жежовски кој исто така беше пронајден мртов.
- „Ние колата ја наоѓаме на 27-ми дека се движи во Скопје. Таа не се движи од 22-ри до 27-ми. Таа се движи на 27-ми во Скопје. Кога се утврдува дека и возилото рено кангу и возилот цитроен се движат заедно. И тука доаѓа до спојувањето на активностите две затоа што се утврди дека тој цитроен е запалениот цитроен е тој што се најде во близина на Скопје. Таа кола не се движела и не може да се најде на систем дека се движи во тој момент. Ние немавме пријава за исчезната кола, само исчезнатот лице“ рече Спасовски на 04.11.2023.
Министерот за внатрешни работи вчера одби да одговори каде се движел Ситроенот и дали бил фатен на некои од безбедносните камери.
- „Со поднесувањето на кривичната пријава целата истрага оди во ОЈО, врз основа на приберените докази и доказите кои ќе ги прибере Обвинителството“ рече Оливер Спасовски вчера во изјава за медиумите 12.12.2023година.
Според опозициската партија колата била возена и на 24-ти и на 25-ти ноември низ Скопје и тоа било регистрирано на камерите од сејф сити. Ситроенот бил снимен и на 27-ми во околината на хотелот Александар Палас. Ако по возилото се трагало и ако било евидентирано соодветно од системот на МВР, киднаперите ќе биле фатени уште кога стапнале во Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ, со што, според опозициската партија, би се спречило и грабнувањето и убиството на Вања.