Ковачевски проговри за „Ванчо Михајлов“: Му требаа 10 дена да каже дека бил разочаран и незадоволен

Разочаран и незадоволен бил премиерот Димитар Ковачевски поради отворањето на бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов. Вакви биле чувствата на шефот на македонската Влада, а ги соопшти 10 дена по случувањата во Битола, на која беше бугарскиот политички крем предводен од премиерот Кирил Петков. Откако беше дозволено да се отвори клуб со такво име, Ковачевск на своите први пратенички прашања, сега вели дека Ванчо Михајлов е човек кој направил огромна штета за Македонија и македонскиот народ, најавувајќи и дека македонски културен клуб ќе бил отворен во Благоевград.

-Не сум задоволен, не се согласувам и сум многу разочаран, што соседна Бугарија одлучи да именува центар со името на Ванчо Михајлов. Лицето Ванчо Михајлов е поврзано директно со соработка со нацистички и фашистички режим. Тој е крајно негативен лик кој направил огромна штета на македонскиот народ, човек кој учествувал во ликвидација и ништење на македонски херои, изјави Ковачевски.

Од опозицијата порачуваат дека лажна е грижата за ова прашање која сега ја покажува Владата. Пратеничката Рашела Мизрахи вели дека повеќе министерства недела или две знаеле што се подготвува во Битола, но немало реакција.

-Дојдоа Петков, Каракачанов, Захариева и Јотова, отсликувајќи политичко единство во негаторскиот став кон Македонија и се што е македонско, а нашата Влада остана демек шокирана од настанот за кој под еден МНР било известено една до две недели за прелет во Битола, МВР координарало 100 претставници од специјалните единици, како и цело СВР Битола, давајќи логистичка поддршка за настанот, Министерството за култура морало да биде известено, зошто нели отворавме културен центар, изјави Мизрахи.

Тема на пратеничките прашања беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово. На прашање на рпатеникот Миле Лефков, зошто по осум месеци се уште нема обвинение, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески изјави дека очекувал наскоро да имало одлука околу овој случај.

– Доколку ние сакавме да го забошотиме овој случај и да не го истражуваме, немаше уште вечерта на помош на јавните обвинители од ОЈО во Тетово да им ги ставиме на располагање двајцата дежурни јавни обвинители од ОЈО во Скопје, изјави Јовески.

Ковачевски дали претходно имал информации за криминалот за кој е осомничен екс владиниот ген сек Мухамед Зекири, но наместо конрекетен одговор, реши да говори дека ВМРО-ДПМНЕ биле оние кои биле секретари.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста