Ковачевски и Пендаровски фатени во лага- колку чини и кој го плаќа израелскиот ПР стратег на СДСМ?!

Ковачевски и Пендаровски фатени во лага- колку чини и кој го плаќа израелскиот ПР стратег на СДСМ?!

Скандалот со израелскиот ПР стратег кој работел за потребите на СДСМ добива нови размери. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска обелодени нови скандалозни информации кои фрлаат загрижувачко светло на овој случај. Николоски уште еднаш побара одговори -дали Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски се фатени во тежок криминал со наводниот ангажман на Асаф Исеин за кој има сомнеж дека е продолжена рака на странска држава со цел да се меша во претстаојните избори во Македонија:

-Прашањето кое до денес не го одговорија е кој ќе го плаќа ова лице и зошто договорот со него не е евидентиран од страна на СДС како што прават политичките партии обично кога ангажираат странски консултанти. Колку чини неговиот ангажман и дали можеби тој е платен од страна на некои надворешни држави и странски држави кои би сакале да се вмешаат во изборите во Македонија и дали знаат дека со ова прават тешко кривично дело доколку е така или можеби го плаќаат дома, од домашни извори но не преку сметка туку можеби оди плаќањето во кеш што е исто така тешко кривично дело, изјави Николоски.

Николоски прашува и дали е вистина дека ова лице има локална поддршка од најмалку две агенции чија главна цел е оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали е вистина или не дека ова лице има локална поддршка од страна на најмалку една маркетинг агенција која спроведува анкети и една пиар агенција која снима спотови и дали главното седиште на оваа екипа која му помага пред се во делот на снимање на видео спотови кои масовно се споделуваат овие денови се со црна кампања за ВМРО-ДПМНЕ дали седиштето на овие лица кои ги снимаат спотовите е во еден хотел на кејот на „Вардар“ и каква е нивната улога?, прашува Николоски.

Ова доаѓа откако Пендаровски го закопа Ковачевски. Првиот кажа дека имал средба со Исеин, кој бил ангажиран од СДСМ, додека вториот вели дека партијата не ангажирала никаков странски консултант. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова јасно покажува дека поранешниот премиер и актуелниот претседател се фатени во лага.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста