Ковачевски и Џафери си поднесуваат оставки

Ковачевски и Џафери си поднесуваат оставки

Оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери би требало да бидат поднесени во наредните неколку денови, пред собраниската седница закажана за в петок.

Тогаш тие треба да бидат констатирани и според најавите да биде избран новиот претседател на Собранието Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Изборот на техничката Влада треба да биде во недела на 28 јануари.   

Роковникот во однос на активности во Собранието што беше претходно споделен останува непроменет, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието по денешната координација без да соопштат повеќе детали за тоа како ќе се одвиваат подготвките за формирање на техничката Влада.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста