Костадинов: Се борите против Северна Македонија, ама парите од Северна не ви сметаат
На денешната конститутивна седница на Собранието се обрати и пратеникот Костадин Костадинов од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“
Костадинов дирекно му се обрати на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, носител на предизборната листа во изборната единица четири, Александар Николовски.
“Александар, на кои идеaли и на кои ветувања мислиш кога велиш успеав да го зачувам образот и да бидам посветен на идеалите, на кои идеали? На кои ветувања? На оние кои во кампања ги ветувавте дека ќе се борите за поништување на Преспанскиот договор и на зачувавување на името Република Македонија, за денес да ве гледаат граѓаните како земате плата и седите во фотељите во парламентот без грам помисла нешто да промените“
Костадинов потенцираше дека за него меродавни се резултатите од изборите, со 4000 гласа разлика и победа во општина Струмица не биле поради лажни ветувања, туку поради дела, работа и посветеност.
„Не можат да се соочат со фактот дека не 4 години, можеби 8 години ќе бидат опозизија, не заради нешто друго, туку затоа што немате единствен став за националните прашања. Се борите против Северна Македонија, ама парите од Северна не ви сметаат.“ потенцираше Костадинов во своето обраќање.