Ракувач со булдожер утрово загина во рудникот “Суводол“

             

                Шеесетгодишниот Вецко Костадиновски, ракувач со булдожер ТД- 40 во рудникот за јаглен “Суводол“ на РЕК “Битола“, денеска околу два часот после полноќ трагично го загуби животот, откако падна во провалија на јагленокопите заедно со булдожерот. Починатиот, во третата смена извршувал пробивање на нова траса во рудникот, но под с`е уште недоразјаснети околности се случил трагичниот настан.

  • Со работен налог беше испратен за формирање на траса за поместување на дел од нултиот систем, а дел од работните задачи веќе ги имаше извршено. Меѓутоа, при транспорт на булдожерот се случи несреќата, односно превртувањето, пти што, булдожерот влета во провалија и беше превртен.  Како последица на тоа, настана и трагичниот настан- рече генералниот директор на РЕК “Битола“  Златко Ќурчиевски.

Покрај истражните органи кои наложија обдукција врз телото на починатиот, ќе биде спроведена и интерна истрага, за што е формирана и Комисија. Сега веќе хаварисаниот булдожер, бил на ремонт во март годинава и од тогаш бил во работен погон. За последните 17 години, во рудникот “Суводол“  ова е петти случај со трагични последици.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста