Корона вирусот не удира само на белите дробови, туку ги оштетува и бубрезите

Драстично е зголемен бројот на луѓето што во изминативе дваесетина денови побарале помош во болница заради тешки проблеми со бубрезите. Тоа што ги збунува докторите е што поголемиот процент од нив или се веќе дијагностицирани со Ковид-19 или веднаш по приемот се тестирани и добиле позитивни резултати за присуство на вирусот. Со сите непознаници за дејството на вирусот нашите лекари се сомневаат дека освен проблеми со дишните патишта, можно о е корона вирусот да ги оштетува и бубрезите.

Она што е различно од предходно со трендот досега во периодот од март па се до крајот на август па се до септември, немавме регистрирано ваква бројка на пациенти коишто имаа ковид позитивни тестови и ако имаа бубрежно оштетување односно бројката на такви пациенти беше многу пониска. Овие 20 тина дена има секојдневно практично по некој случај со акутно бубрежно оштетување и докажана ковид инфекција. Дел од тие пациенти бараа третман со дијализа и еден помал дел успеваа да се справат со состојбата и без хемодијализа вели за Алфа, директорката на Клиниката за нефрологија, Ирена Рамбавова Бушлетиќ .

После дијагностицирање на овие пациенти со ковид инфекција, понатамошното нивно лекување е со префрлување во ковид центрите, на инфективната клиника  или 8 септември вели Д-р Бушлетиќ . Таа додава дека возрасната граница на овие пациенти е над 50 години, но и дека за жал, имало и починати пациенти кои имале и други заболувања.

20-тина дена за еден  генерален заклучок за дали вирусот го сменил својот курсот на однесување, дали ќе прави повеќе бубрежни оштетување е премногу рано. Треба да сочекаме да видиме какви ќе бидат бројките во наредниот период, во наредните два до три месеци, за да имаме еден заклучок дали кај пациентите со ковид инфекција односно ковид позитивните пациенти ќе покажат една повисока стапка на акутни бубрежни оштетувања вели за Алфа, директорката на Клиниката за нефрологија, Ирена Рамбавова Бушлетиќ ..

Статистиките и искуствата на релевантните нефролошки здруженија,  покажуваат дека 20-25 отсто пациенти со ковид-19 развиваат акутно бубрежно оштетување. Веста ја потврдуваат и од Министерството за здравство.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста