Кој шири лажни вести: Царовска вели „Историја“ не се укинува, во нацрт планот ја нема

Наспроти уверувањата на министерката Мила Царовска дека историјата немала да се укинува како предмет, обвинувајќи ја опозицијата и медиумите дека шират лажни вести, практично се себедемантираше. На веб страната на новиот нацрт наставен план за основно образование, предметот историја го нема. Единствено во една реченица е објаснето дека историјата му припаѓа на предметот општествени науки.

Едната група ја сочинуваат задолжителните предмети Македонски/Албански/Турски/ Спски/ Босански јазик, Математика, Природни науки, Општествени науки и Англиски јазик.

Предметот општествени науки опфаќа науки што традиционално припаѓаат на историјата, општествената географија, граѓанско образование, религиите, етиката итн.

Оттука е легитимно прашањето, кој ги шири лажните вести? Алфа постави прашања и до министерството за образование и наука, дали со новиот нацрт план сепак се укинува предметот историја. Од таму до овие вести одговор не добивме. Министерката за образование ја објави оваа реформа во образованието во многу чуствителен период кога Бугарија бара од Македонија промена и бришење на некои од историските факти во учебниците по историја.

Зошто баш сега се интегрира предметот историја во општествени науки, Царовска не кажа конкретно, се правда било по светски стандарди.

Исто предметот по биологија и хемија се интегрираат во исто време кога се отвара дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на општествени и природни науки што се случува секаде во светот, во развиените земји кои постигнуваат огромни резултати кај своите ученици, истакна Мила Царовска – министер за образование (16.12.2020).

Јавноста и историската фела не прастанаа да укажуваат на тоа дека ова е скандалозно, апсурдно и дека ова е дел од планот на власта да си ги покрие неуспесите. Но, острите реакции не ја предомислија Царовска.  Остана глува на жестоките критики кон неа од речиси целата академска, интелектуална фела како и МАНУ.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста