Кој е Љупчо Палевски – Палчо, човекот во центарот на грозоморното двојно убиство?

Кој е Љупчо Палевски – Палчо, човекот во центарот на грозоморното двојно убиство?

Кој е Љупчо Палевски – Палчо, името кое е во центарот на вниманието на јавноста, откако органите на прогонот го поврзаа со свирепото убиство на 14 годишната Вања и 74 годишниот велешанец Панче Жежов?

Политички актер, активист, моќен градежник, близок соработник во поранешните структури на СДСМ, поткаст водител на youtube каналот на неговата партија, како и учесник во поткастите на Инфомакс во минатата сезона, за на крај неговото име да биде запишано како осомничен за лишување од живот на малолетничка и пензионерот, заради изнуда и користољубие.

Името на Палевски станува звучно уште во 90тите години кога тој ја почнува својата градежна експанзија, односно доаѓа на чело на фирмата УПА Ентерпрајз, од каде го добива и другиот прекар Упа.

Палчо станува и прв човек на неделинкот „Старт“, познат по опозициската ориентација. Во тој период тој почнува и да ја врши и функцијата претседател на градска организација на СДСМ. На почетокот на новиот милениум купува локална телевизија, но и започнува со своите градежни активности во Центар, кога градоначалник е Мирсолав Грчев.

Тогаш Палевски градеше високи згради, по план на Грчев кој беше градоначалник на Центар од СДСМ, а Министерството за урбанизам предводено од ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, ги враќаше неколку пати, за на крај да не бидат усвоени.

На крајот централната власт нареди уривање на дивото поткровјето на негова зграда на улица „Пиринска” во Дебар маало.

Името на Палевски го имаше и во случаите на СЈО, односно во 2017 година, Тој беше на распит во тогашното СЈО поради тоа што неговото име се врзуваше со прислушуваните разговори, односно приватните разговори кои што беа објавени на Каналот „Јутјуб“ под корисничко име „Никола Тесла“. Стануваше збор за приватни разговори на политичари и новинари.

Во 2019 година е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва поради активирана потерница од Хрватска од 2015 година, каде останал задолжен 2.500 евра. Во тоа време за Палевски имаше и кривична пријава оти во Прилеп на протест пуштал бомби односно прислушувани разговори.

Во 2020-та подоцна, ја формира политичката партија Трета, а истата година беше објавено дека бил нападнат во близина на неговиот дом.

Во фолдерот на Палевски стои уште едно негово прекршување на законот, односно во мај годинава  бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица, каде со неколку лица барале злато. Му бил одземен пиштол марка „валтер“ кој нелегално го држел кај него.

Палевски е многу активен на социјалните мрежи, тој редовно објавува политички содржини, негови политички ставои и мислења на неговиот профил. И пред и по убистовото на малолетниката тој има објави, освен на 27 ноември, денот кога е киднапирано и убиено девојчето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста