Кочанско поле во пламен – Земјоделците ги палат стрништата

Кочанско поле повторно во пламен. Пеплосани се десетина хектари стрништа и помалку од половина хектар лозје. Тринаесет пожарникари и уште толку доброволци повеќе од три часа сношти се бореа  со огнената стихија.  Од пламените јазици  успеале да спасат викендица во атарот на село Кучичино, но и пожарот да не се прошири кон околните села.

   „Земјоделците од нашата општина извршија масовно палење на земјоделските површини. Интрвениравме на неколку локации во исто време. Вчера имаше таква ситуација екипите да се во околните села, а да се појави и пожар во централното градско подрачје. Сепак успеавме да се справиме, благодарение на нашите волонтери„-изјави Влатко јефтимов, од ТПП-Кочани.

Државата немоќна да се справи со проблемот што се појавува секоја година по завршувањето на жетвата на ориз. За земјоделците единствен спас од сламата е да го фрлат кибритот, но агрономите советуваат дека има  техники со кои не само што ќе ја зачуват животната средина, туку и ќе ги дуплираат приносите.

    Штипскиот агроном Љупчо Иванов со над триесетгодишно искуство совертува  дека со палење само се уништува почвата.

Целиот азот што го има во почвата се уништува. Знаеме дека азотот е иницијативна каписла за растот и развојот на растенијата  кои подоцна се развиваат цво стеблинки и да даваат род. . Се уништува целата микрофлора , односно се уништуваат микроелементите кои треба да го разложат остатокот од жетвата, односно стрништето„-изјави Љупчо Иванов, агроном

Палењето стрништа е сериозен проблем, што прави огромни штети. Само лани во штипско и кочанско изгореа околу 500хектари неожнеани ниви и овоштарници. 

Алекандра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста