Коалицијата СДСМ- ДУИ како лош брак-најмногу страдаат децата односно граѓаните на државата

Коалицијата СДСМ- ДУИ како лош брак-најмногу страдаат децата односно граѓаните на државата


Deprecated: Implicit conversion from float 1714321019.578547 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

За да ја задржат стабилноста на бракот мораа постојано да бидат во љубовен триаголник. СДСМ и ДУИ речиси секоја година внесуваа и исфрлаа трет партнер за да го задржат мнозинството.

Во 2017-та СДСМ освои помалку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но сепак формираше Влада. Така остана и во следните 7 години. Мнозинството беше постојано на стаклени нозе.

Првата Влада СДСМ и ДУИ ја составија со помош на Алијанса на Албанците кога собраа едвај 62 пратеници.

Отогаш па натака ги изредија безмалку сите помали партии, едни влегуваа други излегуваа.

Во 2020-та СДСМ дури и настапи со заеднички листи со БЕСА се со цел да остане на власт заедно со ДУИ. Потоа се скраат и со нив, па пак се смирија и се скараа со Алијанса и тоа два пати.

Во владата им помина и партијата на Гаши  – Алтернатива, но и со нив се скараа. А како поминуваше времето се фатија во клинч и со помалите партии.

Пораншениот премиер Заев немаше проблем да каже дека имаат несогласувања во коалицијата ама за да биде на ќе собрал се што може и шуто и рогато, само да остане на власт. Оти сами не можеа да опстанат.

Ќе соберам се што има и шуто и рогато, рече Зоран Заев – поранешен претседател на СДСМ (29.05.2020)

А и меѓусебе СДСМ и ДУИ си се караа, ама никако не раскинуваа. Се обвинуваа кој колку ракии пиел, кој трезен зборел на митинг, ама на крај сепак си делеа канеларии на Илинденска. Со помош на некоја друга партија оти безмалку цел мандат не успеаа сами да имаат 61 пратеник.

„Заев овие изјави ги кажува во кафеана кога пие две чаши ракија, a кога е со мене зборува поинаку. Јас не сум од тие што наутро зборуваат друго, а попладне друго. За нас е подобро да победи сегашниот партнер, но сепак граѓаните одлучуваат. Но, така Заев изјавува, јас не сум таков“, рече Али Ахмети на 07.07.2020

Откако се караа, пак си направија коалција, се караа за закони, ама и за кој кого ќе поддржи за локалните избори. Како на пример за Тетово, дали СДСМ ќе ги поддржи Беса или ДУИ, а до двете парии беа во коалција. Откако коалцијата предводена од СДСМ и ДУИ изгуби огромен број општини од ВМРО-ДПМНЕ, уште толку почна да го губи тлото под нозете. Во ноември 2021-та ВМРО-ДПМНЕ со дел од помалите партии обезбеди 61 пратник за да напрват ново мнозинство. Што прктично значеше дека владата на СДСМ и ДУИ во тој момент немаше поддршка од 61 пратеник, но пак се спасија со помош на трета стана – магично еден од претниците на БЕСА не се појави на гласањето.

Кастриот Реџепи откако неколку исчезна од јавноста потоа изјави дека жена му го советувала да остане во власта.

Мносинсвото и тогаш одвај преживеа ама Заев си замина, и на сцена дојде Ковачевски. Си се караа меѓу себе ама тендерите си врвеа.

На изборите во 2020-та СДСМ настапи со иницијатива ДУИ да биде испратен во опозиција, но на крајот кога немаа како пак си ги прибраа во власта и дури им ја исполнија желбата во последните 100 дена пред следните избори премиерот да биде Албанец, денови кои сега ги живееме.

Последна сламка за спас пред овие избори СДСМ гледаше во заеднички предизборен настап со ДУИ односно заеднички листи, но и покрај сите попуштања, на крајот извисија.

– Ние секогаш сме сонувале како Албанците ќе бидат обединети во еден фронт. Големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Македонија е бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ова обединување, треба да се поддржи од сите заедници во државата. Овој фронт ќе излезе во пресрет во секој дел од општеството, велеше Ахмети

По сите влези – излези комбинации за да се зачуваат фотелјите Димитар Ковачевски се уште тврди дека неговата партија имала најголем коалицијски потенцијал, тврдење кое може да биде точно само доколку под коалициски потенцијал се подразбира изигрување на помалите партнери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127