Ќе добие ли Охрид кафеани сред булевари и улици?

Одлуката за отворање на угостителските објекти по пауза од два и пол месеци не влева оптимизам кај охридските угостители, бидејќи според единствениот протокол за работа кој на 24-ти март го донесе Комисијата за заразни болести,тие имаат повеќе зијан отколку ќар. Некои од угостителите во знак на револт рамислуваат маси и столови да извадат и на сред Булеварот Туристичка, па дури и на кружните текови.

Во незавидна состојба се кафетерии кои не се во централното гратско подрачје и локалите кои ги урнаа плафрмите,а ги коритеа како тераси.

Е сега како, некој ако ги има острането тогаш или сите вратете ги или сите тргнете ги.Не може за некого мајка за некого макеа.Има угостители кои што не се на плоштад што правиме со другите угостители и тие плаќаат данок,плаќаа давачки.Така испаќа на секоја улица да ставиме маси пред угостителски објекти и да нема коли.Тоа е бенефит на угостители а не и за граѓаните – изјави Илија Џепар – угостител.

Гостите ќе можат да ги користат само отворените делови, односно терасите на објектите каде на маса со 4 столови,кафе ќе пијат само двајца,а масите ќе бидат оддалечени околу метар и пол една од друга. Поради тоа велат,доколку нема измени во новиот проктокол кој го очекуваат во текот на денов,малкумина од угостителите утре ќе ги отворат своите локали.

Се работи за тоа што ние и да почнеме да работиме со некаква си мерка која што ќе предвидува редуцирано работење, тоа ќе биде далеку од оптималното работење и заради тоа сите тие фактори кога ќе ги земеме во предвид, навистина не се баш оптимистчки нашите предвидувања за во иднина – вели Михаил Мишев – еснаф на угостители.

Посебните протоколи се однесуваат и на угостителските објекти во кои се служи храна,персоналот ќе треба да се движи по однапред утврдена патека.

Каде оди келнерот да ја носи храната на која маса, од каде, значи сите тие патеки треба да бидат пропишани.Ризикот е секако од земањето од кујна на оброкот до донесувањето до местото. Тоа треба да биде прописно затворено, ставено во посебни садови, за да не дојде до инфекција од самото доаѓање и поминување покрај луѓе што чекаат или од самиот келнер што ја носи без маска или со маска – вели Сашо Точко од Центар за јавно здравје.

Ќе се ограничува бројот на гостите кои  ќе влегуваат во рестораните, а ќе мора да се  ангажираат и одговорни лица за одржување на лична хигиена, кои ќе вршат контрола на вработените.Една од 15-те точки во протоколот е и отстанување на сушачи за раце во тоалетите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста