Дали после одмор ќе одиме во 14 -дневна изолација?

Дали по враќањето од одмор МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ќе мора да одат во самоизолација? И Дали ќе бидат потребни тестирања  – деновиве ќе бидат познати деталите. Според најавите од владата, Комисијата за заразни болести го подготвува протоколот и тој ќе биде разгледан на владина седница.

Неофицијално предлогот е границите целосно  да се отворат од 15 јуни. Според протоколот пак кој вчера беше донесен, оние граѓани кои овој период со хуманитарни летови доаѓаат во земјава, наместо во државен карантин ќе одат во 14 дневна домашна изолација. Но притоа мора да прикажат негативен тест.

Согласно овој протокол задолжителниот државен карантин на државјаните на Република Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, се заменува со домашна изолација доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Македонија приложат негативен пи-си-ар тест за КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Македонија – пишува во протоколот.

Инаку Србија минатата недела ги отвори своите граници, а за влегување во земјата не е потребен негативен тест на коронавирус ниту посебна дозвола за домашни и странски државјани.

Во Босна и Херцеговина е укината мерката на самоизолација по влегувањето во земјата, но влегувањето на странски државјани е можно само во случај за бизнис активности или доколку станува збор за семејства на починати.

Грција постепено ќе го отвора туризмот од 15 јуни, првично за земји кои имаат слични епидемиолошки податоци и правење тестови по случаен избор. Нема да биде потребно да се тестираат сите кои одат во оваа земја.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста