Казнети 156 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, три за мининување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три санкции за некористење сигурносен појас, пет за непочитување првенство на минување, три за непрописно престројување на возила и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста