Казнети 152 возачи, некои од нив управувале без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, осум за возење без возачка дозвола, 21 прекршок што го чинат возачите за мотоцикли.

Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет за непочитување на првенство на минување, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 42 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.