Јовески наместо во Уставен ќе оди во пензија, СДСМ ја повлече кандидатурата

Јовески наместо во Уставен ќе оди во пензија, СДСМ ја повлече кандидатурата

Си заминува, и Љубомир Јовески. Наместо да седне во столче во Уставниот суд, ќе се пензионира.. СДСМ, го повлече предлогот – Јовески, да стане уставен судија, откако заглави неговиот избор – во Собранието.. По 2 и пол години и 25 продолженија – на матичната комисија во законодавниот дом, и по еклатантно кршење и газење на Деловникот , сега, СДСМ глумејќи одговорна партија, се откажа од Јовески, обвинија од опозициската партија.. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека неговиот мандат, бил проследен со многу скандали и порачаа дека ќе има одговорност..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста