Јовановски: Од самиот старт на формирањето на „Меѓународен сојуз“ ја имав поддршката од Заев

Јас не сум цвеќе за мирисање, но Зоран Заев и дел од неговите сопартијци ме злоупотребија и ме измамија. Бев во постојан контакт со градоначалниците од СДСМ, а тогашниот министер за транспорт Горан Сугарески го потпиша меморандумот  со „Меѓународен сојуз“ за брза реализација на проектот. Со овие завршни зборови Бојан Јовановски алијас Боки 13 побара ослободителна пресуда не само за него туку и за останатите обвинети. Заев знаел за сите активности и давал поддршка за сите проекти на „Меѓународен сојуз“ од самото формирање на невладината тврди Јовановски.

-Локацијата постоеше и покрај со Богоев се преговараше и со министерот за транспорт и врски. Доаѓаме до друг факт, носење на уредба со сила на закон, донесена на Влада за уредување на цени за изградба на старечки домови кога се активни овие два договори. Тоа го има во мојата неизведена комуникација со Горан Сугарески. Така се формирани пониски цени во однос на парцелите. Ако ова не било сериозно, кој ми го донесе мене Анго Ангов од општина Дојран да потпише меморандум за соработка. Тој дојде по партиска директива. Јас тој меморандум не го злоупотребив, од тој меморандум многу од општините профитираа. Тие што викаат дека јас сум сакал да се сликам со нив, баш тие бараа да се сликаат со мене и да добиваат лајкови, истакна Јовановски.

Заев, Кирацовски и Стефан Богоев знаеле за исплатените 350 илјади евра исплатени од Амзоски. Но, ниту тој, ниту Силјан Мицевски биле изманипулирани и излажени кажа Јовановски пред судскиот совет, а немало ниту намера ниту мотив, ниту идеја да бидат доведени во заблуда двете компании, „Пелистер“ и „Дрим Билдинг“, со кои потпишале договори. Двајцата бизнисмени соработувале со сегашната власт и во секој момент можеле да бидат и биле информирани од градоначалниците на Соцјал-демократите како течат проектите. Според тоа вели Боки целиот судски предмет е политички монтиран.

Верувајте дека провериле неколку пати пред да ги потпишат договорите. Единствено сме имале за цел да го оствариме проектот, а за тоа говорат и сведочењата на наводно оштетените кои велат веруваат. Силјан Мицевски од ‘Пелистер’ вели дека сака да го изгради старечкиот дом, а другиот (Ардијан Амзоски од ‘Дрим Билдинг’) вели ако не сум бил приведен ќе сум ги врател парите или ќе се завршел проектот. Кривично дело не постои”, рече Боки.

Во повеќе наврати кога Јовановски го споменуваше Заев судијката Софче Гаврилова-Ефремова го прекинуваше и му укажа дека треба да зборува само во однос на изведени докази во предметот. Боки 13 тврдеше пред судот дека неговата асистентка Кристина Блажевска не знаела за ниту проект и начинот на функционирање на организацијата. Татко му парите ги добил во наследство. Јасна Ерцоговиќ учествувала на сите потпишувања на реални проекти според Јовановски, а Фросина Ременски и да сакала да учествува во измама и да се стекне со корист, според Боки 13 немало да и дозволат нејзините алчни сопартијци. Пресудата за невладината на Јовановски е закажана за 7 април. Тој е веќе во затворот во Идризово каде ја издржува 9 годишната затворска казна за случајот „Рекет“, каде исто така беше првообвинет со екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста