Јавни претпријатија со долгови до гуша – Локалните власти од истокот со еден купи наследени финансиски проблеми

Јавните комунални претпријатија во долгови до гуша. Најмногу наталожени неплатени сметки се кон ЕВН и приватните добавувачи на електрична енергија. Во Лозово ситуацијата е најалармантна. Директорот си зел годишен одмор до декември, па новата општинска власт не може да направи увид во финансиската документација. Градоначалникот Бошко Цветковски бил приморан да го свика Советот по што е констатирано дека комуналното претпријатие не работи во целост. Колкави се долговите засега е неизвестно, а за проблемите во претпријатието дознвал од вработените кои секојдневно му се жалеле, објаснува Цветковски

  „Фактури стигаат од секаде и во моментот се закануваат со блокада на сметката. Бидејќи немат земено три плати, не знам колку точно се број. Вработените немаат ниту здравствено осигурување и тоа е сериозен проблем„-изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

   Долг околу 300.000 евра има и  Јавното комунанално претпријатие „Плачковица„ од Карбинци. Најмногу должи по основ на електрична енергија..

  „Се работи за околу 15милиони денари, обврски кон ЕВН, како и над 1милион денари за електрична енергија од други добавувачи. Вкупниот долг е 16.500.000денари, по основ на потрошена електрична енергија„-изјави Виктор Паунов, градоначлник на Карбинци.

Рекордер по неплатени долгови е штипсккото комунално претпријатие Исар. 29милиони денари должат  на добавувачот на електрична енергија  „Солар про„. Претходната власт за само четири години штипското комунално претпријатие го задолжила со 300 милиони денари.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста