Јанкулоска, Протуѓер и Јанкулоска признаа вина за „Титаник“ : Пресудата закажана за 28 февруари

Условна казна за Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер и четворица други, ублажена казна за Миле Јанкиески и уште еден обвинет. Ова го побара обвинителката Лиле Стефанова откако овие осумина признаа вина во целост или делумно во предметот „Титаник“.

– Признавам вина за дел од кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Во однос на делата чувствувам морална вина и затоа се произнесов за виновен. Тоа е мое лично чувство и се однесува на мене и моите позиции. За останатиот дел од обвинението, не се чувствувам виновен – рече Јанакиевски.

Стефанова пред судот образложи и зошто за секој од обвинетите судот треба да ги цени признанието на вина и да се заложи за барањата на обвинителството.

Останатите обвинети во случајот „Титаник“ кои не признаа вина Обвинителството ќе ги гони во одвоена постапка чии рочишта ќе започнат од следниот месец.

Во предметот „Титаник“ се обвинети 21 лице кои се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

Со оглед дека обвинетите кои признаа вина денеска ги дадоа своите завршни зборови, на 28 февруари судскиот совет на чело со Шабани ќе треба да ја соопшти пресудата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста