Ковачевски вети дека ќе се јави за БНТ 4, но дали направи нешто?

Разговараше ли премиерот Ковачевски со Османи, како што изјави вчера за Алфа затоа што МТВ не се емитува во Бугарија, на истиот начин како четвртиот канал на БНТ во Македонија? Одговор на ова прашање од министерството за надворешни работи не добивме. И не само на ова. Четири дена МНР не одговара што ќе преземе и како ќе реагира за тоа што  БНТ 4 слободно шири бугарска пропаганда во Македонија. Зошто од македонска страна се молчи и не се интервенира за  историски емисии и документарци кои се емитуваат на бугарската национална телевизија, а во кои македонските дејци се претставени како бугарски, па дури и се негира постоењето на посебен македонски народ – со денови молк.

Премиерот Ковачевски вчера само кратко најави дека ќе  разговара со претставници од дипломатијата, за разлика од неговиот колега од бугарска страна, Петков кој реагира и за најмали ситници. А зошто е тешко Ковачевски дасе слушне, на пример на телефон со петков, како што тој му се јави експресно во врска со т.н. инциденти на 4 февруари?

Алфа пред четири дена објави дека за содржината на програмата на бугарската национална телевизија која се емитува кај нас, а е пракса откако се пушти во етерот пред македонската публика пред скоро една година.

Наспроти ова ниту еден оператор не го емитува сателитскиот канал на македонската телевизија, иако е спротивно од договорот кој падна меѓу двете влади пред една година. Алфа уште пред четири дена побара став зошто владата не реагира, односно зошто МТВ не се емитува во Бугарија. Од владата децидно одговорија дека не можеле тоа да го наложат со декрет. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни комуникации пак, не можела да постапува за содржините на БНТ 4 и останатите телевизиски канали кои постапувале на сличен или ист начин бидејќи биле странски канали. Но, во законот сепак, јасно е наведено дека при реемитувањето во содржината странските канали поттикнуваат меѓу другото национална омраза и нетрпеливост, Агенцијата има право времено да им ја ограничи слободата на премиер.

Викторија Миткова

Advertisements