Јан Коп отиде кај Али Ахмети и му кажа дека Македонија не влегува во ЕУ со ваква корупција

Јан Коп отиде кај Али Ахмети и му кажа дека Македонија не влегува во ЕУ со ваква корупција

Амбасадорот на Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп отиде во седиштето на ДУИ за да му ја пренесе пораката на лидерот на партијата, Али Ахмети дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.Исто така, дипломатот му рекол дека е непотребното политичко влијание врз позицијата на Претседателот на Врховниот суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе добие силна реакција од Холандија“, пишува во реакцијата што ја објави холандската амбасада, каде стои и фотографија на Јан Коп направена во партискиот кабинет на Ахмети. Во моментов членови на Судскиот совет вршат притисок да биде променета претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, под наводна утврдена неодговорност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста