Извештајот на Европската комисија пред пратениците во македонскиот парламент

Извештајот на Европската комисија пред пратениците во македонскиот парламент

Девет нули за Македонија , а власта и понатаму гледа со розови очила на сериозните критики од ЕУ, а единствена пречка за евроинтеграциите смета дека се уставните измени .

Дека тоа не е така, предупреди евроамбасдадорот Дејвид Гир кој ги повтори критиките нотирани во послениот извешта. Високата корупција, ниската доверба во судството , партизацијата на администрацијата ,  злоупотреба на европско знаменце. Гир пред пратениците посочи дека извештајот ги нотира слабостите особено во областите кои ЕК ги смета за суштински и дел од основните во пристапните преговори

Повикуваме на тоа дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласт со ЕУ нормите а не да се скрати дебатата за важни прашања. Има злоупотреба на знаменцето во случајот на измените на кривичните закони и законите поврзани со патните коридори 8 и 10Д Бехтел и Енка Договорот, рече меѓудругото Гир.

Дека извештајот е најлош досега покажува фактот дека три од деветте  нули се во  клучните кластери во  правосудството и темелни права, владење на правото и борба против корупцијата, предупредува опозицијата.

Опозицијата критикува дека одговорноста за лошиот извештајот е на Владата на СДСМ и ДУИ , оти тие многупати досега предупредиле на лошите политики и одлуки како што беа случаите за носење на измените на кривичниот законик по брза постапка .

За власта пак успех е тоа што сме немале назадување, а не е неуспех тоа што не е констатиран напредок во речиси ниедно поле.  За власта напредокот на земјава е препознаен и преку Планот за раст од кој една милијарда  е за Македонија ,  иако јасно е укажано дека без неопходните реформи нема да ги добиеме парите.  Владата за лошиот извештај ја фрли топката во опозицијата и обвинува за блокада на парламентот.

Инаку извештајот за 2023 за напредокот на земјава е еден од најлошите кои досега ги добила Македонија со критики на речиси секое поле .

Во насока на патоказите кои се дадени од ЕУ , Собранието ќе свика седница на националниот совет за евроинтеграции која ќе биде од затворен карактер.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста