Израел со нов план за тунелите на Хамас

Израел со нов план за тунелите на Хамас

Израел подготвува голем систем на пумпи за вода што би можел да ги искористи за да ги поплави тунелите на Хамас под Појасот Газа, во обид да ги истера борците на палестинската милитантна група, соопштија светските новински агенции.

Во средината на ноември, израелската војска ја заврши инсталацијата на најмалку пет пумпи на околу два километри северно од бегалскиот камп Ал Шати, кои би можеле да испуштат илјадници кубни метри вода на час, поплавувајќи ги тунелите на палестинските милитанти за неколку недели.

Не е познато дали Израел ќе ја разгледа употребата на пумпите пред да бидат ослободени сите заложници, кои ги држи Хамас од почетокот на конфликтот, се вели во извештаите. Хамас претходно објави дека држи затвореници на „безбедни места и тунели“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста