Аеродромот во Минхен повторно во проблем

Аеродромот во Минхен повторно во проблем

Поради замрзнат дожд утрово повторно беа прекинати летовите на аеродромот во Минхен. Сите писти се замрзнати поради замрзнат дожд.

Нема да има полетувања или слетувања барем од првите летови во 6 часот наутро до пладне, објави аеродромот на својата веб-страница.

На онлајн распоредот на пристигнувања и полетувања на летовите на тој аеродром, сите наведени летови се откажани или одложени.

Новиот прекин доаѓа само 48 часа откако аеродромот продолжи со работа по дводневното затворање поради обилните снежни врнежи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста