ИСППИ: Спикерот Џафери е главниот виновник за злупотребата на европското знаме

ИСППИ: Спикерот Џафери е главниот виновник за злупотребата на европското знаме

Талат Џафери е главен виновник за редовното непочитување на собраниските процедури, злоупотребата на европското знаменце и газењето на демократските принципи. Научниците од институот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, велат дека во своите испитувања забележале бројни суштински повреди на принципите на владеење на правото и функционирањето на институциите. Тоа е така бидејќи само во 2023та година, едвај 14% од законите биле во редовна постапка. Од 166 закони, дури 130 биле по скратена постапка, 35 биле обележани со европското знаменце, па едвај 23 поднесени биле поднесени во редовна процедура.

  • До таму оди злоупотребата на европскот знаменце, што се избегнува консултација, дури и со европската комисија, која што е задолжена да го следи нашиот напредок, задолжена да гледа на кој начин оди прилагодувањето. – Истакна Про.ф Д-р. Мирјана Најчевска од ид ИСППИ.

Од институтот велат дека многу често, како предлагач на законите се јавува владата, а предлозите се потпишани од министри или заменик министри, наместо од премиерот. Доаваат дека често не се чита ниту печатот, за да се утврди кој предлага, а понекогаш нема ни име на документите, па не се знае кој функцинер го ставил својот потпис.

  • Во однос на законите од пакетото „Бехтел и Енка“, академија за судии и јавни обвинители и кривичниот законик,  во ниту еден случај овие закони, не смееле да бидат процесуирани со европско знаменце, затоа што не ги исполнуваат формалните критериуми.  Истите закони не биле разгледувани на своите матилчни комисии, кои се многу по стручни за да ја ценат материјата кои што овие закони ја регулираат. – Појасни Проф. Д-р. Бојана Наумовска од ИСППИ.

Тие појануваат оти процедурите за скратена постапка се дизајнирани за закони кои не се сложени или не се многу обемни, а не за заобиколување на процедурата. Додаваат дека со ваквото функцинирање, Собранието се откажува од својата улога како контролор на владата, а со тоа се подриваат основите на државнисот систем.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста