ИЏЕ СО ГОЛЕМА ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ВАЛЕЛУНГА

Игор Стефановски – Иџе со победа се враќа од славната патека Валелунга во италијанскиот TCR шампионат. По седмото место на првата трка, Иџе стартуваше седми на втората, но успеја да издоминира меѓу италијанските ривали и на крајот за цели 9 секунди да слави пред Александро Џардели и Јакопо Гуидети. Ова е деби победа за Иџе во новата сезона, и втор подиум по претходното второ место на трката во Имола. Како единствен странец на италијанскиот шампионат со новите 25 бода се искачи на 10тото место во генералниот пласман. До крајот остануваат уште два викенда.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста