ИЏЕ АДМИНИСТРАТИВНО НА ВТОРОТО МЕСТО НА ИМОЛА

Игор Стефановски Иџе официјално го освои второто место на втората трка во Имола на италијанскиот ТЦР шампионат. Првично, нашиот најдобар автомобилист застана на третото скалило на победничкиот пиедестал зад Салваторе Тавано и Дамијано Редуци, сепак на крајот победникот Редуци заработи казна поради невнимателно возење и дуел со Тавано, на кого му припадна лидерското место, а второто го освои Стефановски. Ова се првите бодови за Иџе на италијанскиот шампионат откако ги пропушти првите два викенда поради неможноста да добие дозвола за влез во Италија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста