Крмов: Левица е македонска партија, ама Левица не е партија на Македонците

Борислав Крмов, пратеникот од Левица, на денешната собраниска седница за избор на нов владин кабинет рече дека Левица е македонска партија, но не е партија на Македонците.

Ние Левица тука во парламентот сме единствената класна партија, и ние планираме на Албанците да им се обраќаме класно. Не само на Албанците, туку и на сите други малцинства. Значи Левица е македонска партија, ама Левица не е партија на Македонците. Сигурен сум од искуството од 91 година јас не сум забележал албанските партии да им се обратат на Албанците класно и мислам дека тоа ќе биде една промена, едно освежување затоа што за нас сиромав човек е сиромав човек. Албанец работник, Македонец работник, Македонец земјоделец, Албанец земјоделец за нас тоа е исто. Значи ние сме македонска партија, но не партија на Македонците, рече Крмов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста