ИДФ проднајдоа оружје и воена опрема на Хамас скриени во болницата Шифа

ИДФ проднајдоа оружје и воена опрема на Хамас скриени во болницата Шифа

Израелската армија продолжува со рација во најголемата болница во Газа. Пронајдоа оружје и воена опрема, скриени внатре во Ал-Шифа, за кои тврдат дека е на Хамас.

„Ние сме во центарот за магнетна резонанца на болницата Ал-Шифа. Ова јасно ги потврдува сомневањата дека Хамас ги користи болниците за воени операци. Најдовме автоматски пушки, муниција, гранати, заштитни елеци и многу друга опрема, и тоа скриена во апаратот за магнетна резонанца“, објаснува Џонатан Конрикус, портпарол на израелската армија.

Здравствените власти на Хамас и Газа пак негираат дека милитантите дејствуваат во болницата. Палестинците и групите за човекови права велат дека Израел несовесно ги загрозил цивилите додека се обидува да го искорени Хамас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста