И по безмалку една година од пожарот, мостот Беласица нецелосно прооден за сообраќај

И по безмалку една година од пожарот, мостот Беласица нецелосно прооден за сообраќај

И по безмалку цела година од опожарувањето, по мостот Беласица се уште се вози по само две ленти.. Сообраќаен хаос, гужва, нервозни возачи, ваква е секојдневната слика по мостот за кој Арсовска уверуваше дека ќе биде вратен во функција.

Опожарување на топловодната и електричната инсталација под мостот, беше причичина, лани во мај тој да биде затворен за сообраќај и за пешаци. Беа потребни неколку месеци за првичните испитувања, па во септември, тој беше повторно отворен за сообраќај, но, само за лесни возила, во двете крајни коловозни ленти. Состојба која сеуште е непроменета.

Како клучно поврзување помеѓу трите скопски општини, Центар, Аеродром и Гази баба, поради нецелосната функционалност на овој мост, скопјани секојдневно се соочуваат со сообраќаен хаос.

Граѓаните кои ги затекнавме на мостот, велат дека не очекуваат да биде саниран во догледно време, бидејќи се целосно разочарани од градските власти и нивната работа.

Од Град Скопје засега се правдаат со ЕСМ. Велат, остатокот од мостот ќе биде ставен во функција откако ЕСМ ќе заврши со санација на топловодните цевки и електричната инсталација под него. ТВ Алфа испрати прашања до ЕСМ, до кога се очекува да се работи под мостот, но, одговори оттаму, не добивме. Тие започнаа со работа во октомври минатата година, но и по скоро половина година, нема изгледи дека мостот ќе биде целосно функционален во догледно време.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста