И оризопроизводителите се подготвуваат за протест

Оризопроизводителите се уште чекаат на средба со ресорниот министер. Децидни се, до колку до петок не се оствари бараната средба во сабота повторно ќе излезат на протести.овој пат ќе бидат приморани да го блокираат магистралниот пат Штип-Кочани. Предупредувачка нота испратија уште минатата сабота кога масовно во колона со трактори возеа од селата Облешево до Тркање..

   “Ако не се актуелизираат нашите барања, ќе бидеме приморани да ги радикализираме протестите, а патот Штип-Кочани ќе биде блокиран на неодреден период. Ние на бараме ваучери за годишни одмори, не бараме рамковни вработувања. Ние бараме маката наша да биде платена. -изјави Здравко Арсов-Иницијативен одбор за спас на оризопроизводство”…

Оризопроизводителите  побараа оризовата арпа да се продава од 25 до 30, а белиот ориз од 50 до 60денари, да се воведат дополнителни пет денари, чисти канали, а водата за наводнување да се пушта најдоцна до 5мај..     

Оризопроизводителите од Kочанскиот регион упатија поддржка до тутунарите од Прилеп и лозарите од Кавадеречкиот регион.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста