НИТУ МЕСИ, РОНАЛДО, ЛЕВАНДОВСКИ, ЗА ВИЕРИ БРОЈ ЕДЕН Е ЛУКАКУ

Во пресрет на утрешната церемонија на ФИФА за најдобрите во изминатата година, за прв пат по подолго време, Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се главни фаворити, очите се вперени кон Роберт Левандовски. Полјакот навистина има завидна сезона зад себе, со Баерн ја освои ЛШ, Суперкупот на УЕФА, Бундеслигата и германскиот Куп. Сепак, за поранешниот италијански голгетер, Кристијан Виери најдобар напаѓач во светскиот фудбал моментално е Ромелу Лукаку. Според Виери, доколку Белгијецот играше за Баерн ќе постигнеше најмалку ист број на голови како и Левандовски, но не и обратно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста