Здравствените власти ја продолжуваат агонијата на семејствата кои загубиле близок поради корона

Семејството На 41-годишната беровчанка која пред еден месец почина на Инфективното одделение во Штип се уште го чека извештајот од Лекарската комора . Велат жалосно е и по толку време официјално да не знаат како починала  нивната мајка и сопруга. Се надеваат дека комисијата реално ја има разгледано состојбата. Какви чекори ќе преземе семејството, ќе зависи од она што пишува во извештајот..

 „Помина цел месец и со оглед на тоа дека имаше иницијатива за разрешување на нашиот случај, сите чекаме решение. Ниту јас се брзам да слушнам одговор, ниту моето семејство. Со тој или без тој одговор ние ќе продолжиме да живееме без мајка ми , но искрено се надевам дека одговорот нема да биде резултатот е целосно различен од состојбата посочена од страна на семејството„- изјави Михаела Довичинска.

Извештајот од  стручниот надзор направен од Лекарската комора е готов. Во текот на денот ќе биде доставен до министерот кој откако ќе го разгледа, ќе го презентира пред јавноста.Но смртта на 41-годишната беровчанка не е единствен случај на кој работи Лекарската комора. Стручен надзор се прави за уште седум случаи . Два од нив се веќе готови. Се доцни со извештаите бидејки докторите се преоптерени, се правда министерот Филипче.. .

 „Тоа се истите колеги интернисти, гинеколози кои се вклучени во работата со КОвид пациенти и навистина се преоптеретени. И разбирам зошто им е потребно повеќе време за да ги разрешат„-изјави Венко Филипче.

Случајот со смртта на 41годишната беровчанка излезе на виделина откако нејзината ќерка на социјалните мрежи објави листа на повици од кои се гледа како  безуспешни се повиците на нејзината мајка за да добие кислород. Со транспарентни барајки одговор за смртта на 41годишната беровчанка министерот за здравство го пречекаа и од опозицијата, кој наместо на главниот влез, до модуларната болница стигна по друг пат..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста