Хаос во болниците ширум државата, се бара кревет плус, докторите преморени

Врие по болниците низ државата. Амбулантите се полни, а се бара кревет повеќе на сите инфективни одделенија. Специјалистите дефицитарни и истоштени. Директорите пак се надеваат на помош од приватните интернисти. Поради исполнување на капацитетот во Штип, минатата недела штипски пациенти се хоспитализираат во Ковид одделот во КОчани. Но и таму капацитети се  речиси полни …

-Неопходна ни е помош. Луѓето што работат на тие оддели се истоштени.Ние имаме двајца анестезиолози.Тие изминатите шест месеци се да не кажам во воена состојба . има кај нас млади специјалисти, би било пожелно и тие да се вклучат во борбата со пандемијата- изјави д-р Александар Серафимов, дир. на Општа болница-Кочани..

Болниците со план Б. Во функција на инфицираните со Ковид,   во Охрид ќе се преадаптира геријатрија и хируршките амбуланти, во Кочани физикална, во Тетово и Битола интерно, а во Струга педијатрија. Во Штип  неврологија уште од одамна е преадаптирана, но

 

-Тоа се решава буквално да не речам на дневна база. Во комуникација и со министерството и со околните здравствени институции. Онаму каде што ќе има потреба да интервенираме, но и да препратиме некој доколку ги пополниме нашите капацитети-изјави Алан Ѓеоргијев-директор на Клиничка болница-Штип.

За неколку дена да влезат во новиот

 Состојбата е алармантна и во болницата во Струмица. Таму повеќе нема слободни места. Се надеваат за неколку дена да успеат да преадаптираат еден спрат од новото крило каде што се финишира доуредувањето. Што се однесува пак до инфицираните од Гевгелија, Богданци и Дојран тие се приморани да се лекуваат во Штип, Струмица и Велес.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста