Група хирурзи до Филипче: Хуманоста се изразува во сала и во амбуланта, а не на митинзи

Група хирурзи до Филипче: Хуманоста се изразува во сала и во амбуланта, а не на митинзи

Носителот на листата од СДСМ  во изборна единица 4, Венко Филипче вчера вечер присуствуваше на отворање на нов изборен штаб во Прилеп. Тој зборуваше за изминатите години власт и рече дека СДСМ имало тешки седум години владеење во исклучителен кризен период во светот и регионот, а паралелно како што посочи  се одлучиле да ги решаваат и клучните стратешки прашања. И додека лекарот е посветен на политиката, група негови колеги хирурзи со писмо до јавноста бараат да одговори дали доаѓа на работа и како е регулиран неговиот работен однос.

„Деновиве гледаме дека Филипче милува да се претстави како хуманист, човек што помага и тн.., и разбираме дека тоа е дел од неговиот маркетинг за политички цели. Сепак, кога веќе е целосно посветен на политиката, а се помалку е посветен на струката, го прашуваме Филипче дали воопшто доаѓа на работа на клиниката за неврохирургија, со оглед дека по завршување на неговиот мандат како министер, неговите колеги од клиника многу ретко можат да го видат на своето работно место каде логично би требало да ја изрази својата хуманост?
Како е решен правно статусот на Филипче и кој го толерира неговото недоаѓање на работа?
Колку интервенции има сработено во последниве две години и каква е реализацијата во мој термин?“, прашува групата хирурзи во писмото кое го објавува порталот Република.мк.

Во писмото на крај му порачуваат:

„Хуманоста и посветеноста кон пациентите се изразува во сала и во амбуланта, тука на клиника, а не на митинзи и со сликање на граѓани за себерекламирање“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста