Во Германија од денеска е легален „џоинтот“

Во Германија од денеска е легален „џоинтот“

Германија денеска стана најголемата земја од Европската унија која ја легализираше рекреативната употреба на канабис, и покрај приговорите од опозициските политичари и медицинските здруженија. На возрасните постари од 18 години сега им е дозволено да поседуваат 25 грама сушен канабис и да одгледуваат до три растенија марихуана дома.

Новите закони следуваа по жестоката дебата за добрите и лошите страни на овозможувањето полесен пристап до канабисот. Германските власти се надеваат дека планот ќе помогне во сузбивање на црниот пазар, заштита на потрошувачите од контаминирани производи и намалување на криминалот поврзан со дрога.

Консумацијата на канабис од страна на сите помлади од 18 години ќе продолжи да биде нелегална. Новиот закон, исто така, има одредени заштитни мерки за заштита на младите, вклучително и забрана за пушење канабис на 100 метри од училиште, градинка, игралиште или спортски центар.

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах вети голема кампања за едукација на младите за здравствените ризици и зајакнување на програмите за превенција. Како втор чекор е дека на клубовите за канабис ќе им биде дозволено од 1 јули да одгледуваат канабис за лична употреба на своите членови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста