Граѓаните револтирани од непланското укинување на мерките,родителите на продолжено породилно најавуваат протест

Гневни на надлежните, во паника и стравувајќи за сопствениот живот – пациентите со хронични заболувања прашуваат кој ќе сноси одговорност доколку се заразат со ковид19 на работното место и ја изгубат битката со болеста? Хронично болните пацинети со остри реакции за најновата владина одлука: да се вратат на работните места од 23-ти месецов, во период кога се предвидува уште полошо ковид сценарио.

Хроничното болните,ги очекува тежок период,здравството ни е кревко треба сите да се заштитиме…а најпрво тие што шест месеци беа ставени во група во ризични хронични болни.” – вели хронично болна пацинетка.

Не само хронично болните, и самохраните родители, се загрижени, и прашуваат – што да прават со своите деца, додека се тие на работа.

Ако еден од оние кои ја донесоа одлуката и кои вака им пресудија на родителите…и ако успее да биде на две места во исто време – нека се пријави да му честитаме и да не научи како треба да се поделиш физички и да бидеш на две места.” – вели Дороти Пачкова од здружението на самохрани мајки „Една може!“.

Дали власта преќутно со олабавување на мерките и тоа преку најранливите категории на граѓани, сака да го спротне шведското сценарио ? Според микробиологот Пановски нелогично е децата да не одат во училиште,  а хронично болните да одат на работа. 

Нелогично е тоа што децата ќе седат дома и нема да одат во училиште а хронично болните ќе одат на работа.” – изјави за Алфа микробиологот Пановски.

Новата одлука на владата ги загрижи и мајките кои се на продолжено породилно отсуство.Тие на социјалните мрежи најавуваат протест за в четврток пред Владата.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста